
Забраната за носење шамии за девојчиња под 14 годишна возраст на училиштата во Австрија веќе го помина прелиминарното гласање. Во Комисијата за образование на австрискиот парламент, владејачките партии гласаа „за“, односно конзервативната Народна партија, Социјалдемократите и либералната НЕОС. И десно-националната Партија на слободата гласаше „за“, само Зелените беа против со задршки заради Уставот. Имајќи го ова предвид, се чини дека законот за забрана за носење шамии ќе помине и на денешното пленарно гласање, пишува „Дојче веле“.

Македонски







