Онлајн порталите што се користат за пристап до американската програма за здравствено осигурување Медикеид за семејства со ниски приходи се блокирани откако претседателот Доналд Трамп им нареди на федералните агенции привремено да ја прекинат „целата федерална финансиска помош“.
Мојот персонал ги потврди извештаите дека порталите на Mедикеид не се функционални во сите 50 држави по синоќешното замрзнување на федералното финансирање, објави сенаторот од Орегон Рон Вајден на X.
Ова е бесрамен обид да се одземе здравственото осигурување од милиони Американци преку ноќ и ќе убие луѓе, додаде тој.
Слични поплаки покренаа и други демократски пратеници и претставници на државно ниво, вклучително и американскиот сенатор Брајан Шац од Хаваи, кој рече дека „повеќе“ држави биле затворени од порталот Медикеид како дел од „незаконското“ затворање на Трамп.