
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Пекинг каде што, на покана на кинескиот претседател Си Ѓинпинг, ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
За време на посетата на Пекинг, Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Кина, како и со рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери и претставници на големи компании.
Претседателот на Србија ќе присуствува на големата воена парада што ќе се одржи на 3 септември по повод Денот на победата, односно формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека на парадата ќе присуствуваат 26 странски лидери.