Skip to main content

Жичницата на Водно не работи денеска поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (25.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, објави ЈСП Скопје.

Поврзани вести