
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека од оваа година се зголемува еднократната финансиска помош за новороденче и таа од сега ќе изнесува 8.000 денари.
– Раѓањето на дете е најголемата радост, најголемата надеж и најсилната порака за иднината. Во 2022 година, по моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба, за прв пат ја воведовме мерката за финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче. Во изборната кампања за последните локални избори ветив дека оваа поддршка ќе ја зголемиме на 6000 денари, но со внимателни анализи, успеавме да направиме уште еден чекор напред и ја зголемивме помошта на 8000 денари, рече Стефковски.

Македонски




