Skip to main content

Во Општина Аеродром ќе се гради уште една сала

Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Аеродром, во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот.

„Изработка на сообраќаен проект за решавање на сообраќајниот хаос во Стар Аеродром и Мичурин за систем за еднонасочни улици и воведување на дополнителни паркинг места на постоечката инфраструктура којашто постои во тој дел на општината. Изградба на нова спортска сала во делот позади ФФМ, веќе е распишан тендер од страна на Министерството за спорт, и конечно да го оплемениме тој простор. Покрај спортска сала, предвидени се и отворени спортски терени. Во првата година од мандатот ќе започнеме со изградба на нова градинка, Пчелка 1 во населба Лисиче, се со цел да обезбедиме подобри услуги за граѓаните“, истакна Митески

Поврзани вести