
– Од денеска комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културната размена, на традицијата, автентичната архитектура и туристичката понуда на Македонија. Ќе стане дестинација за домашни и странски гости, за ученици и студенти, за уметници и истражувачи, за сите кои сакаат да го почувствуваат духот на Македонија – жив, топол и горд. Горд сум на реотворањето на комплексот кој речиси седум години беше затворен и сведочеше за недомаќинско и неодговорно управување во минатото, пишува денеска на социјалните мрежи директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.

-Денеска испративме јасна порака – кога постои визија, кога има одговорност и посветена работа, државниот имот може и мора да биде ставен во функција на граѓаните и националниот интерес, наглаува Томовски.
„Македонско село“, додава тој, го враќаме како жив симбол на македонската историја, како економски двигател за локалниот развој и како пример дека кога државата управува чесно, резултатите се видливи и трајни