
♥️ Светлината на празниците доаѓа од домовите – избрани најубаво украсените дворови и тераси во Скопје, објави на Фејсбук, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски
✅ Во магијата на новогодишните и божиќните празници, Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на неговите граѓани.
Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, беа избрани најубаво украсените домови, тераси и најинспиративниот ученички расказ, како симбол на креативноста, заедништвото и празничниот дух што го обединува градот.
🎉 Оваа манифестација беше посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена.
👮 По детална евалуација и теренска посета на сите пријавени учесници, жири-комисијата ги избра највпечатливите празнични уредувања, каде што вниманието кон деталите, креативниот пристап и љубовта кон празниците беа јасно препознатливи.
1️⃣ За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа беше избрана Адријана Јовановиќ, ул. Темко Попов бр. 33а, населба Маџари – двор кој зрачеше со топлина, светлина и вистинска празнична магија.
Награда: 20.000 денари.
2️⃣ За најубаво новогодишно украсена тераса од стан беше избрана Теа Ивановска, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле – пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна.
Награда: 20.000 денари
3️⃣ Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“, наградата ја освои Христина Наумов I1, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, со искрен и инспиративен текст што ја пренесува празничната надеж и детската радост.
Награда 5.000 денари

Македонски





