Skip to main content

Советот на Град Скопје усвои одлука со која се забранува фрлање отпад во контејнерите по 22 часот, 50 евра казна за непочитување на одлуката

Советот на Град Скопје ја усвои одлуката со која се воведува ноќна забрана за фрлање отпад во контејнерите. Во периодот од 22 до 6 часот, граѓаните нема да смеат да изнесуваат смет, а прекршителите ќе се соочат со казна од 50 евра.

Од градските власти велат дека мерката ќе ја зголеми ефикасноста во празнењето на контејнерите и ќе спречи создавање нови диви депонии, особено во деловите на градот каде отпадот често се натрупува околу корпите.

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, посочи дека ваквата практика се применува и во големи светски метрополи.

Оваа практика ја имам видено во Истанбул, каде постои точно определено време кога може да се изнесе отпадот. Во Токио секој камион и тип на отпад има свој термин. Очекувам дека мерката ќе биде уште поефикасна кога ќе воведеме и различни корпи за селекција“, изјави Димитровски.

Градот најавува дека селективните корпи се следната фаза од реформите во управувањето со отпадот.

Поврзани вести