Skip to main content

Со механизација ќе се расчистуваат остатоците од кровот на зградата што падна во невремето во Ѓорче Петров, нема повредени лица

Во невремето проследено со силен ветер во скопската Општина Ѓорче Петров, на улицата Македонска Војска падна кров од дваесетметарска зграда, под чии остатоци се заробени две возила.

Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски во изјава за МИА вели дека механизацијата е на терен и се чека да заврши увидот, по што ќе започне расчистувањето на остатоците. Во овој дел од општината е исклучена и електричната енергија. Повредени лица нема, но има голема материјална штета.  

Екипи на општината се на терен и отстрануваат паднати дрвја во Паркот во Ѓорче Петров, во населбата Даме Груев, во Ново Село во потегот накај Мага Паркот и на други места.

Пријавени се исто така и пожари во Стопански Двор, којшто е изгаснат, како и во Волково. 

Поврзани вести