Skip to main content

Шанса за Центар: Герасимовски ги цеди општинските ресурси во своја лична корист

СДСМ

Шанса за Центар удри по расипништвото на кандидатот за градоначалник за општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ кој јавно ги поканув сите центарци денес да присуствуваат на првиот буџетски форум за 2026 година.

Од Шанса за Центар потенцираат дека овој градоначалник е одлучен во изборната кампања до последна трошка да ги исцеди и општинските ресурси и самата општина како јавна институција во своја лична корист.

„Откако изнареди прескапи игралишта, ископа дупки од илјадници евра како да се за ископ на дијаманти, изнареди клупи и канти наместо да ги поправи претходните, сега на неколку дена од гласањето си организира и нешто што само тој си го нарекува општински буџетски форум. А тоа во суштина е светлосни години далеку од тоа што треба да биде буџетски форум“, додаваат во објавата.

За „Форумите во заедницата“ и со тоа и за „Буџетските форуми“ има јасни правила како се одржуваат утврдени од ЗЕЛС за што повеќе пати му е укажано, а не сака да го прифати. Процесот со форумите треба да почне месеци претходно, да има стручни независни модератори, одвоен општински буџет, работни групи., потенцираат од Шанса за Центар.

Но ете падна толку ниско што сака и нив да ги злоупореби за кампања. Буџетски форум најавен од вчера за денес. Форум ли е, митинг ли е во просториите на училиште?, прашуваат од Шанса за Центар.

Поврзани вести