
Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, проф. д-р Антони Новотни, повикува на планска зелена трансформација на општината, со јасни и мерливи чекори за чист воздух и здраво секојдневие.
Центарот треба да биде место каде што децата слободно дишат. Доста е од бетон и чад, време е за планска трансформација,“ порачува Новотни.
Тој најавува конкретни мерки во урбанизмот и локални политики за унапредување на квалитетот на воздух.
Наместо паркинзи и дивоградби, ќе создадеме зелени површини и коридори што ги филтрираат честичките, ќе правиме системско засадување и ќе ги идентификуваме сите извори на загадување“, вели Новотни.
Во делот на енергетиката и здравствената заштита, Новотни додава „ќе донесеме европски проекти за енергетска ефикасност и мерки што веднаш ќе ја намалат изложеноста на населението. Центар што не ни краде години од животот — тој Центар почнува овде.“