Skip to main content

Поради дефект без парно дел од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда

Фото: Freepik

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

– Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата. 

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Поврзани вести