
Невремето кое вчера го опустоши главниот град, зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музејот на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека е оштетена стрелката која ги означува секундите на часовникот.
Оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Македонски


