
Велешанец уапсен поради сомение за силување на млада девојка во Охрид.
Од МВР информираат дека К.С. бил приведен вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид.
Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа.
К.С. е задржан, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски


