
Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, 10 август, во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи „Запад – Охрид“, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба.
За настанот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, чии екипи треба да преземат активности за безбедно подигнување и отстранување на експлозивната направа.

Македонски


