Skip to main content

Нова детска градинка во Дексион, и уште 4 други во новиот мандат во Ѓорче Петров најави Стојкоски

Фејсбук профил на Александар Стојкоски

Со големо задоволство го потпишав договорот за изградба на нова детска градинка во Дексион, на местото на страта детска градинка, локација кој буди носталгија кај сите жители на населбата, а со изведба започнуваме веднаш!, објави на Фејсбук кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски.

Континуирано работиме на проширување на капацитетите за сместување, ја завршивме градинката во Волково, градиме за прв пат градинка во Стопански Двор, а ветувам изградба на уште три детски градинки.

Во наредниот мандат Ѓорче добива 5 градинки:

-Стопански Двор

-Дексион

-Александрија

-Димитар Поп Георгиев Беровски

-Македонска војска

Континуирано работиме за твоето место, пишува во својата објава меѓудругото Стојкоски.

Поврзани вести