
Зошто некој би живеел во ваков мравјалник, без никаква друга содржина освен згради и влезови, без услови и простор за природа, за паркинг, за место во градинка или школо. Со доуништување на просторот и квалитетот на живот на оние кои веќе живееат во околина.прашува Ивор Мицковски, објавувајќи ја фотографијата од новоизградените згради на местото на поранешната фабрика „Треска“ сред Центар.
Знаеме дека е криминал и корупција, знаеме дека се ова е една голема пералница на пари и единствен извор на средства за Општините, ама ништо од ова не е возможно и без прост, откоренет, алчен и гаден народ, вели Мицковски.

Македонски



