Skip to main content

Митески: На терен од Лисиче до Мичурин, се чисти комуналниот отпад

Вд градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Дејан Митески објави дека денешниот празничен ден го поминуваат во чистење на комуналниот отпад во општината.

-Кога некој ќе покаже безобразлук и неодговорност – ние враќаме со работа и со здрав разум. Не чекаме на Данела и Комунална Хигиена и нема да дозволам здравјето на граѓаните на Аеродром и животната средина да бидат во ризик. Од Лисиче до Мичурин, секој ден сме на терен. Благодарност до сите што ни помагаат: соседни општини, компании и граѓани, вели Митески.

Митески вчера објави дека повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите во Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче.

Затоа, нагласи тој, се самоорганизирале да ја исчистат општината. Митески додаде и дека поднеле кривична пријава до ОЈО Скопје, а од страна на комунални инспектори на општината ги казниле два пати Комунална Хигиена по 80.000 евра.

Поврзани вести