
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром имаше сове обраќање на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Аеродром.
Овде во Аеродром општината што победува и оди напред. Изминатата година ја имав честа да бидам вашиот градоначалник и не ја гледав таа функција како фотеља, туку како обврска секое утро да бидам меѓу вас, со луѓето што работат, што се борат, што веруваат, рече Митески.
Тој додадте дека неговиот претходник, Тимчо Муцунски поставил високи стандарди кои не обврзуваат да ги следиме.
Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно по мерка на секој жител на нашата општина. Аеродром ќе го градиме по мерка на човекот, на секој дом, секое дете, секое семејство, затоа што ова е нашиот дом. Нашата, улица, нашето маало, нашиот Аеродром. Ова е и моето место, овде сум роден, овде живеам, овде припаѓам, овде расте моето дете, рече Митески.
Оваа програма која ја нудиме на овие избори е пред вас, не е напишана во канцеларија, ја создадовме заедно со вас граѓаните на Аеродром. Секое маало, секој збор, секоја идеја има свое место во оваа визија. Ова не се ветувања, ова е патоказ на нашата иднина. Сакам да се обратам на сите генерации, од најмладите до највозрасните. Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализитаат своите идеи, рече Митевски.