Skip to main content

Мицевски: Почнавме со реконструкција на спортското игралиште „Црвена Прст“

Фејсбук профил на Јане Мицевски

Градоначалникот на општина Сопиште, Јане Мицевски објави дека започна реконструкцијата на спортското игралиште „Црвена Прст“.

Во моментов се изведуваат градежни работи за изградба на бетонски потпорен ѕид, со што се создаваат предуслови за целосно уредување и модернизација на просторот. По завршувањето на оваа фаза ќе следува обновување на урбаната опрема, со цел игралиштето повторно да биде безбедно, функционално и пријатно место за спорт и рекреација, истакна градоначалникот Мицевски.

Мицевски потенцира дека продолжуваат да инвестираат во подобри услови за сите граѓани.

Поврзани вести