
Францускиот институт во Скопје информира дека и оваа година го организира 27. издание на Регионалниот летен универзитет во Струга, кој ќе се одржи од 29 јуни до 3 јули 2026 година.
Овој настан претставува значајна традиционална средба и обука на професорите по француски јазик од поширокиот регион, отворена за учесници од Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија.
Главните цели на обуката се истакнување на видливоста на францускиот јазик и зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите-учеснички, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување на богати меѓусебни размени на професионални средби меѓу професорите по француски јазик и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа.
Програмата е организирана во пет модули, кои ќе ги анимираат врвни француски обучувачи.
Настанот се реализира во партнерство со: Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, КРЕФЕКО, Здружението на професори по француски јазик (ЗПФРМ / АРФРМ), Амбасадата на Франција на Косово, Амбасадата на Франција во Албанија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Францускиот институт во Србија, Францускиот институт во Босна и Херцеговина, Францускиот институт во Црна Гора, Фондацијата Бел Идеал, издавачките куќи Ашет и КЛЕ.

Македонски



