
Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижон 15“.
Проектот опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и 25 приклучоци за домаќинствата, додека паралелно ќе се изврши и реконструкција на фекалната канализација во должина од 180 метри.
„Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што влијанието е директно врз животот на граѓаните. Со овој проект обезбедуваме подобри услови и повисок стандард на живеење за жителите од оваа зона“, изјави Меџити.
По завршувањето на подземните работи, улицата „Дижон 15“ ќе биде асфалтирана, со што овој дел ќе стане пофункционален и поуреден за граѓаните.
Оваа инвестиција се реализира со средства обезбедени од Владата, во рамки на првиот повик за поддршка на локалната инфраструктура.

Македонски


