
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, денеска на предизборен настан во општината ги повика граѓаните во вториот круг на локалните избори масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, како што рече, за историска победа и развој на општина Карпош.

Лукровски истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека „ќе завршат старите практики, кои биле штетни за карпошани“.
– Време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните. Знаеме колку паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме, порача Лукровски во обраќање на настанот на партијата во Карпош.
Овие избори, посочи, се референдумски за нас карпошани.
-На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца, рече Лукровски

Македонски








