Градоначалникот на оптина Шуто Ориари, Курто Дудуш ја прозва градоначланикаа на Скопје, Данела Арсовска, дека не е способна да органиира адекватна програма за градот и неговите граѓани да имаат одбележување на новогодишните празници какво што заслужувааат.
Затоа, пак, Дудуш најавува дека неговата општина ќе организира целодневна забава за сите жители на општината, а добредојден ќе биде секој кој ќе посака д почувствува вистинска, забавна новогодишна атмосфера.
Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма.
Затоа, ги поканувам сите граѓани на градот Скопје на 31 декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек.
Богата денска и вечерна програма, за сите генерациии, со почеток од 12:00 часот со програма за нашите најмали па продолжување на забавата се до утринските часови со богатата Ромска музика и песна“, објави Дудуш.