
Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, информира „Скопје1“.
Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.
Инаку, Цаневска беше долгогодишна новинарка, а потоа беше одговорна за односи со јавност во Општина Центар кога градоначалник беше Андреј Жерновски, како и во кабинетот на експретседателот Стево Пендаровски.
Партнерка му е на обвинителот Љубомир Јовески.