Skip to main content

ЈСП „Скопје“: Не е вистина дека имало заглавени лица на жичарницата на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ ги демантира објавите во дел од медиумите за инцидент на жичарницата на Водно во кој наводно биле спасени тригодишно дете и три возрасни лица.

Во соопштението, ЈСП „Скопје“ наведува дека на ден не е евидентиран таков настан ниту, пак, настан од сличен карактер.

Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста“, се вели во соопштението.

Од ЈСП „Скопје“ сметаат дека ваквото пласирање непроверени информации, без јасен контекст и утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

Претпријатието очекува од медиумите професионално и точно информирање, наместо сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните.

Денеска дел од медиумите пренесоа дека четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно откако останале заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електричната енергија на жичарницата.

Поврзани вести