Skip to main content

Искршени клупи во Жена парк, сите едвај ја чекаат мерката општокорисна работа за вандалите

Окторнати и превртени клупи, расфрлано ѓубре – ова е сликата што ги пречека утрово граѓаните во Жена парк во центарот на Скопје. Ова е само еден од низата вандализми регистрирани во изминатите месеци.

На социјалните мрежи корисниците коментираат дека едвај ги чекаат новите законски измени кои вчера ги побара Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а со кои малолетниците кои уништуваат паркови, кршат урбана опрема и палат контејнери би се казнувале со вршење на општокорисна работа.

Конкретно, иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците. Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку можност за заедничка општокорисна работа. Важно е да ја подигнеме свеста кај младите, да ги едуцираме за значењето на јавните добра и да создадеме механизми за нивна ресоцијализација, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани вести