
Непознат сторител вчера ги уништи детските реквизити и околните клупи за одмор на граѓаните на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода. Фотографиите од вандализмот беа споделени во групата „Кисела Вода – пријави проблем“ заедно со прашањето – дали сега помирно ќе спиеш?

Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат, дали сега помирно ќе спиеш,дали совеста ќе те копка? Не бе другари, не е до државата, не е до општината до нас е. И после зошто младите не раѓале, зошто си заминувале од државата. Од вакви покондурени како тебе !!!!! Лизгалкиве се наоѓаат на ул.„Ѓорги Сугаре“ веднаш до зградата на „Дабар“. Се надевам дека некој ќе превземе нешто и ќе ги врати во првобитна состојба, се вели во објавата.


Македонски



