![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/gtcz_gradski_trgovski_czentar_skopje-1024x576.jpg)
Поради уличен дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар (ГТЦ), прекинато водоснабдување во текот на утрешниот ден ќе имаат корисниците од трговскиот, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што се појаснува во соопштението, ГТЦ ќе биде без вода од осум часот, па сѐ до санирање на дефектот.