
Снегот не може да го изненади Скопје, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, информирајќи дека градските служби се целосно подготвени за зимските услови.
„Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен и будно ја следат состојбата на сите сообраќајници. Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно ниските температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24 часа дневно“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките за возење во зимски услови, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење низ градот.
„Заедно, одговорно и подготвено“, порача градоначалникот.

Македонски




