
Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
– Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Од Моравската мисија, започната токму на овој ден, се отвори патот на словенската писменост и духовност, што низ вековите ја обликуваше нашата денешнина и ни остави аманет што мора да го чуваме со достоинство. Нивното дело е завет. Завет дека јазикот, писменоста, верата, културата и идентитетот се најсилните столбови на еден народ – вели тој во честитката објавена на социјалните мрежи.
Ѓорѓиевски посочува дека наша должност пред идните генерации е да го сочуваме и пренесеме ова свето наследство

Македонски



