
Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.


-Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс. Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.


Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува.


Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на континуирана грижа, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.



Македонски



