
Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во скопската општина Ѓорче Петров во рамки на кампањата со слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на проблемите, но и на решенија за истите кои ќе ги нуди Советот и новиот градоначалник на град Скопје.
Димитровски говорејќи за актуелната ситуација се осврна на фактот дека, како што рече, во Скопје се гушиме во ѓубре, воздухот е отровен, насекаде има ѓубре, насекаде во сите области е хаос.
„Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани. Свесен сум дека не чека многу работа. Ние имаме план имаме кој се основа на девет политики кои се темелат на европски искуства, на проверени работи“, кажа Димитровски во скопски Ѓорче Петров.
Според него Скопје ќе стане град со современ јавен превоз, со транспарентно и чесно управување, со маала со паркови.
„Замислете во Ѓорче Петров да има воз на секои 7 минути со кој се стигнува до Центар брзо и безбедно“, укажа Димитровски.
Димитровски заклучи „ние Скопје ќе го направиме град со кој се гордееме, град со визија, затоа гласајте за број 9“.