Skip to main content

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

Државната Изборна Комисија поништи цела советничка листа за Град Скопје на една политичка партија, бидејќи било утврдено дека на неа се наоѓа починато лице.

Листата беше поништена едногласно.

Секој глас даден за оваа листа ќе се смета за неважечки, бидејќи нема време да се менуваат гласачките ливчиња.

На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата“ соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

За случајот е известено и Јавното Обвинителство.

Поврзани вести