Skip to main content

ЗНМ: Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите

Откако СДСМ денеска се стави во улога да рецензент на медиуми, броејќи ги вестите што им се допаѓаат и не им се допаѓаат на СДСМ, ЗНМ излезе со реакција во која посочува дека политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите.

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда. Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи, стои во интегралниот текст од реакцијата на ЗНМ по прес конференцијата на СДСМ.

Поврзани вести