Skip to main content
-u9aeeHVOCQ
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче се истурени играчи на руската политика во Македонија

СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење на пари и корупција во Украина, потсети Миле Лефков.

Да ја потсетиме јавноста, дека контроверзниот политичар Онишченко, бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДС доби државјанство од Македонија, откако претходно секоја нормална држава истото не му го приушти, нити пак му беше дозволен престој.

Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење на пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДС, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање на коњи.

Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДС не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политика во Македонија единствено имаат влез преку СДС, Заев и Филипче.

Но, остана неодговорено прашањето за тогашните гласини дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист кој ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДС за негово вдомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај?

Поврзани вести