Skip to main content

За ДУИ, Визбегово е како Дубаи

Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување.Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство.

Ова е последната порака на Артан Груби на Фејсбук напишана на 15 декември минатата година. Оттогаш поминаа три месеци а од него ни трага на глас.

Изгледа му се одложија обврските, штом толку време не е прибран дома. Официјално, никој не знае каде е, а уствари сите знаат каде е. Во албанските кругови се говори дека Груби слободно си шета од Албанија на Косово, а кога сака да се одмори си доаѓа во Химаре. Море си е море. Знае Артан што е живот., коментира авторот на ТВ колумната „5 минути со Чавез“.

Уште додека беше на функција и жареше и палеше беше научен на луксузен живот. Патувања, приеми, фудбалче и кошарка во кабинетот. Тоа беше живот.

А кутриот тој од многу работа не стигна да купи ни автомобил, туку мораше да го вози од другарот. И тоа му го запалија.

Уште и самиот си се назначи за прв вицепремиер а го раководеше и министерството за ништо, т.е за вработување на членови на ДУИ.

Бајката му ја расипа најпрво американската црна листа каде беше ставен за корупција. Каков шок за проамериканскиот Груби. Потоа следеше кривичната пријава за тоа што претседавал со владината сединица кога владата ја задолжила

Државната лотарија да набави терминали за електронски игри на среќа. Груби знаел дека Лотарија нема право самостојно да приредува вакви игри. Но, курчот тогаш му беше на максимум и мислеше дека може се, а згора на тоа во владата ги имаше поданиците од СДСМ.

Кога сфати дека веќе ја нема поддршката од Калето, Груби како господин си замина на Косово преку легален граничен премин. Ете баш тој ден се потрошиле батериите од камерите на граничниот премин Блаце па не можевме да видиме кој му ја крена портата кон рајот, т.е кон Косово.

Груби ќе се крие се додека некој од погоре не им нареди на Еди Рама и на Албин Курти да го испорачаат. А тогаш се знае, најпрво Шутка, а потоа судење кај судии кои беа назначени токму на барање на ДУИ. Да не си им во кожа.

Груби, јави се понекогаш, да знаеме дека си добро, или пиши порака на Вибер.Уствари не можеш, Виберот си го исклучил.Еве може на Телеграм, или уште подобро на Скај. Знаеме и кој комуницира преку таа апликација.

Но, не е само Артан бегалец. По негови стапки тргна и Перпарим Бајрами, директорот на Државна лотарија. Е тој Перпарим Бајарами од лотарија си направи приватна фирма на ДУИ. Прпарим има една кривична заедно со Груби за за автоматите со кои проневериле осум милиони евра.

Но, не е само тоа.Перпарим потпишал и закуп за деловен објект во Визбегово со цени како Визбегово да е во ДУБАИ. Закупот коштал 400.000 евра.

Ситна пара, која завршила кај лица блиски до ДУИ кои го поседуваат објектот. И ако за Груби се насетува каде е, за Прпарим никој не знае, можеби и стварно е во Дубави, кое стана ново прибежиште за сите сомнителни ликови од Македонија.

И во ваква ситуација, кога двајца од најважните членови им се во бегство и со меѓународна потерница и ДУИ размилува за бегство. Но за бегство од Македонија туку од избори. Aли Амхети веќе најави дека ќе кршат гласачки кутии за да ги спречат локалните избори.Во Мала Речица аборавиле како е да учествуваш на избори а да си опозиција.

За ДУИ е нормално да биде на власт, само тогаш правата на Албаннците се задоволени и цвета демократијата во Македонија.

Нема врска , ДУИ знае дека на овие избори може да се случи да не освои ниту еден градоначалник. Добро може само во Зајас, но тоа не се ни рачуна бидејќи тоа е нивен вилает во кој никој не смее да влезе а камоли да гласа против ДУИ.

Оние од Вреди, не дека се поарни од нив, туку кратко се на власт за да го достигнат нивото на Артан и Прпарим и да вртат милиони.

Затоа ДУИ уште сега ги спремаат шаторите пред Уставниот суд кој следната недела треба да донесе одлука за Законот за јазици. Ете уште еден повод ДУИ да избега од избори.Мајка бежанија никад није плакала, зарем не?

 

Поврзани вести