
Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга.
Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на анализата на примероците од водата од изворот „Шум“ во последните денови.
Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци од водата во водоводниот систем на градот, водата во Струга е безбедна за пиење“, соопшти Општина Струга.
Анализите на Центарот за јавно здравје и Охрид од земените мостри денеска од изворот „Шум“ и неколку мерни места во градот покажуват матност во дозволените граници, односно 1,11 од извориштето и околу 0,80 во градот, од дозволени 1,5 матност.
Оттаму информираат дека ќе продолжат со земање мостри секој ден поради варирање на вредностите.
Водата од градскиот водовод од кој се снабдува Струга и околните села со чиста вода за пиење беше забранте за употреба скоро еден месец поради високо ниво на матност во изворот „Шум“ .

Македонски

