Skip to main content

Во Тирана табла на македонски јазик поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител

На почетокот на оваа година прокниживме последователен успех во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата во којашто е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“.

Ѓурѓај вели друштвото „Илинден“ во јануари 2023 до Комитетот го поднело барањето за повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и по два месеци добиле одговор дека барањето ќе биде разгледано. Но, една година подоцна, таблата сè  уште не била поставена.

– Поради тоа на 25 април минатата година испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот. Во средината на јуни добивме допис дека ќе биде поставена и ете, конечно е поставена. Со тоа уште една институција во Албанија доби табла на македонски јазик – посочува Ѓурѓај во изјава за МИА.

Претходно, по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

– Изразуваме голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција за нивното ангажирање да се реализира нашето барање и, секако, до Комитетот за национални малцинства, кој е владин орган, во кој свои претставници имаат деветте малцинства, признати со закон во Албанија – рече Ѓурѓај.

Поврзани вести