
Претстојниот петок, на платото на Млечен, од 18 часот, ќе се одржи големата промоција на кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски и советничката листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На промоцијата ќе присуствува и претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски.

По промоцијата, од 19 часот, ќе има концерт со Два Бона, Бојана Скендеровски и Александар Тарабунов – вечер исполнета со музика, заедништво и позитивна енергија, порача Лукровски во поканата до сограѓаните.