Skip to main content

Во Општина Кочани гласале 146 болни и немоќни лица од пријавените 173

Во пресрет на вториот круг од Локалните избори во Македонија денеска во Кочани гласаат болните и немоќни лица, како и лица што се во куќен притвор.

На територијата на Општина Кочани, според податоците од ОИК, за вториот круг биле пријавени 173 лица што и припаѓаат на таа категорија избирачи, од кои правото на глас денеска го оствариле 146 од нив.

Во Кочани гласале и двајца избирачи кои се во куќен притвор.

Поврзани вести