
Во Крива Паланка се одржа крводарителската акција во организација на Републичкиотр Црвен крст, општинска организација Крива Паланка. Акцијата е оценета како исклучително успешна со оглед на тоа што иако живата во термометарот се искачи над 40 – от степен,беа собрани вкупно 85 единици крв.
Бројните крводарители од нашиот град уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело и со оглед на екстремно високите температури, беа трпеливи и упорни, чекајќи да дарат дел од скапоцената течност која носи спас за друг човечки живот. Од мое име и од име на Црвениот крст им благодарам на сите што беа дел од денешната акција за крводарување, собрани се 85 кеси крв. Акцијата е деветта по ред годинава што се реализира во нашата општинска организација во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, рече Маја Илиевска, секретар на ОО Црвен Крст Крива Паланка.
Акцијата се одржа во просториите на Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење при ОО Црвен Крст Крива Паланка, во соодветни климатизирани услови согласно препораките на Министерството за здравство и надлежните институции за заштита на населението од топлотен бран.
Инаку, Црвен Крст Крива Паланка според планот за крводарување за 2025-та, успешно реализира девет акции досега, од кои четири беа со остварени над 90 единици крв.
Волонтери на кривопаланечкиот црвен крст периодов активно реализираат теренски акции за превенција од топлотниот бран што ја зафати земјава. Распоредени во тимови, волонтерите делат флаери со препораки за заштита од топлото време, а на минувачите им делат и флаширана вода, истовремено укажувајќи на препорачите за заштита од топлотен бран.