
Во Казнено поправната установа КПД „Идризово“ гласањето за локалните избори почнало нареме и се одвива во најдобар ред, информираат од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536.
Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така, изјави Јадранка Митиевска, претседател на Избирачкиот одбор на ова избирачко место.
Таа истакна дека вкупниот број избирачи на избирачкото место е 1084 досега и оти утрово до 10 часот гласале околу 10 проценти од затворениците.
Гласачкото место, вели таа, се затвора во 19:00 часот и додава оти се надева дека гласањето ќе помине во најдобар ред.