Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор. Секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот. Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче. Додека на Бихачка штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на прес-конференција.

Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно душегрижништво за правата на работниците, велат дека има ниска минимална плата и притоа велат дека знаат како му е на народот, го гледаме Венко Филипче во друштво на Зоран Заев на јахта во Грција.

Проблемот е што криминалниот тандем Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти.

Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?

Доколку јахтата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?

Со ова Венко Филипче докажува дека е само привезок на Зоран Заев.

Кога на Зоран Заев му требаше жртва за корона кризата тука беше Венко Филипче. Кога му требаше некој да му ја грее претседателската фотелја во СДС тука беше Венко Филипче. Сега кога му треба друштво на Заев за одмор тука е Венко Филипче.

Чалам, луксуз, скапи јахти, коли, мотори и ресторани. Ниту ги интересираат граѓаните кои поради нив живееја со 150 денари на ден, ниту пак знаеја како да им ги решат проблемите. Тие знаат само за тендери и провизии.

И на власт и во опозиција со украдените пари, уживаат во октоподи, лигњи, тропски плодови, за нив ништо се нема сменето, бидејќи се заштитени од ЈО Коцевски кој ги брани со своето останување на позицијата јавен обвинител.

Заев и Филипче мора да бидат историја, а секако, и да одговараат. 

Поврзани вести