
ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижено за здравјето на Венко Филипче. По денешната прес-конференција, увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува.
Филипче денес на прес-конференцијата говореше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова го докажува моментот дека господиниот Филипче забегал со своите ставови.
Филипче постави прашање за непостоечка тема, т.е. дали во Македонија ќе има мигранти, на чие прашање, одговор доби и од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, и дополнително секојдневно на прес-конференции одговараме дека мигранти во Македонија нема да има. Сепак, господинот Филипче денес пак праша дали ќе има мигранти? Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме,мигранти нема да има.
Филипче прашува дали ќе потпишеме резолуција која СДС ќе ја предложи за непостоечката тема мигранти? Господине Филипче, прво таква резолуција колку што знаеме немате подготвено, ниту пак доставено, и со тоа не можеме да потпишеме ништо. Второ, треба да се види резолуцијата што пишува внатре, можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018, кога токму Филипче гласал за изградба на ваков камп.
Филипче говори за синоќешниот упад во една новинарска редакција, за која ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осудивме тој чин и отфрламе било какви поврзаности со тој случај.
Да сумираме, му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави, ваквите размислувања кои ги има и ги пласира во јавноста, кои се лажни и невистинити, му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка, нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.

Македонски







