Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да одговорат дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери?

СДСМ

На лицемерието на СДС му нема крај, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот сегашен и поранешен претседател, крстарат со луксузна јахта низ Егејското море. Цела македонска јавност ги виде сликите од Венко Филипче и Зоран Заев како безгрижно, раскомотени со скапи пијалаци и луксузна (како што впрочем и тие ја нарекоа) храна, тераат ќефови на сред Егејско. После приватната журка со Харис Џиновиќ во Дубаи, дуото Заев и Филипче своето уживање во луксуз го покажаа со јахтата го Грција, кој ретко кој бизнисмен, не само од Македонија, туку и од регионот може да си го дозволи. Таков луксуз не може да се постигне со чиновничка плата, макар тоа премиерска, министерска, пратеничка, ниту пак со докторска. Затоа прашуваме и очекуваме одговори, дали јахтата со која пловат Филипче и Заев е на Заев од марката Рива и истата чини 850 илјади евра? На која фирма ја регистрирал и дали за нејзиното купување се употребени пари од државни тендери? Прашаа од владејачката партија.

И додека СДС глумат душегрижништво за стандардот и платите во државата, Филипче и Заев за неколку часа пловење со луксузната јахта, само за гориво трошат една просечна плата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести