Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е единствениот лидер од Балканот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп 

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Македонија цели кон напредок и иднина за сите граѓани преку напорната работа на Владата, а овие неколку настани се особен, исклучителен успех и истите го одбележаа денот.

Премиерот Мицкоски единствен лидер од Балканот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Бројни средби на премиерот Мицкоски во САД. Разговори со претседавачот на советодавното тело за разузнавање, влијателни новинари, бизнисмени за можни инвестиции во Македонија и проекти од бенефит за граѓаните.

Стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија исто во фокус на состаноците остварени во Вашингтон, разговор на премиерот со Ричард Гренел, претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

Потпишани повеќе од 200 договори за финансиски средства за инфраструктурни проекти на општините, работата на Министерството за локална самоуправа дава видливи резултати.

Македонија продолжува да се трансформира“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести