
Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДС со стаклено шише повреди вработена, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Жената со повреди на главата заврши во Клиничката болница во Штип.
Но, ова за Венко Филипче не беше доволно за тој да се огради и од неговиот советник, Аки Акиов да побара оставка.

Ова само ги потврдува нашите сознанија кои ги соопштуваме во јавноста, дека тепачката со Советот е дел од едно поголемо сценарио кое има за цел дестабилизација во Кочани.
Како што веќе кажавме, ваквото матно сценарио за предизвикување хаос го скроиле Венко Филипче и Зоран Заев пред месец дена во Дубаи, за каде што, впрочем, имаат златни визи.
Насилството и тепањето во Кочани е дел и почеток на спроведувањето на овој план, чиј соучесник е и Акиов како човек од најблиска доверба на Заев.
Советникот тепач на Филипче имаше една единствена цел, да посее чувство на страв и паника и да ја разгори омразата во Кочани, која со секојдневни прес-конференции СДС ја поттикнува.
Со ова, СДС прави класична злоупотреба на трагедијата во Кочани и ја користи болката на граѓаните за ситни политички поени, за колку толку да ја спаси политичката кариера на Филипче.
Заев и Филипче мислат дека со нивната, и до сега испробана, тактика на заплашување и злоупотреба на трагедии, ќе добијат некој глас повеќе.
Реализацијата на сценариото за создавање хаос и чувство на страв, не завршува само со тепачката во Советот, планот на СДС е да продолжи тензијата и насилството во Кочани.
Но, залудни им се сите обиди за дестабилизација за спас на политичката кариера на Филипче и намалувањето на неизбежниот пораз на СДС на претстојните избори.
Народот ги прочита и виде дека за спас на нивната кожа се спремни да ја злоупотребат болката на граѓани и да го фрлат во оган цел еден град.
Затоа, и празот којшто ќе го доживеат на претстојните избори, ќе биде историски најголемиот во историјата на плурална Македонија, по што Венко Филипче ќе замине во политичка пензија, а на СДС ќе му претстои борба за опстанок, стои во соопштението.