Skip to main content

Синиша Евтимов ги почна пробите за претставата „Девојките на Марко“ во прилепскиот театар

Фејсбук профил на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Во прилепскиот тетатар „Војдан Чернодрински“ денеска почнаа пробите за новата претстават, комедијата „Девојките на Марко“ од Оливера Николва, а во режија на Синиша Евтимов.

Следејќи го пулсот на публиката и нејзината потреба за ведрина и смеа, театарот континуирано го гради својот репертоар во дијалог со гледачите. Комедијата, како жанр кој публиката особено го препознава и го сака, претставува важен дел од таа врска — и воедно наша обврска. Со овој проект ја продолжуваме таа линија, со цел да понудиме современа, комуникативна и блиска театарска приказна, велат од прилепскиот театар.

Поврзани вести